Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 2 јуни

  • Во општина Прилеп денеска нема ниту новозаболени, ниту оздравени од коронавирус, додека бројот на активни случаи изнесува 30;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 5 лица позитивни на коронавирус.
  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека резултатите од направениот скрининг на вработените во детските градинки во општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод и Кривогаштани, покажаа дека сите 242 вработени се негативни на коронавирус. Поединечно по општини тоа изгледа вака: Прилеп 192, Крушево 21, Македонски Брод 24 и Кривогаштани 5.
  • Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а заради неносење заштитни маски, на 14 граѓани им се изречени прекршочни казни.   

Со почит,

Општина Прилеп