Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 3 јуни

  • Во општина Прилеп денеска има еден новозаболен од коронавирус, двајца пациенти оздравеле од заразната болест, а едно лице на возраст од 84 години, почина. Бројот на активни случаи изнесува 28;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 5 лица позитивни на коронавирус;
  • Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а заради неносење заштитни маски, на 15 граѓани им се изречени прекршочни казни.  

Со почит,

Општина Прилеп