Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 10 јуни

  • Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има еден новозаболен од коронавирус, како и еден во населеното место Дебреште, општина Долнени. Од заразната болест оздравело едно лице;
  • Бројот на активни случаи изнесува 26, од кои 20 пациенти се наоаѓаат на домашно, а 6 на болничко лекување;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 3 лица позитивни на коронавирус;
  • Во самоизолација се наоѓаат 54 лица, а заради неносење заштитни маски, вчера на 20 граѓани им биле изречени прекршочни казни.