Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, сабота 12-ти септември

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 9 случаи на заболени од коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест;
  • Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 71-годишна возраст;
  • Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 134. Од нив, 106 лица се наоѓаат на домашно, а 28 на болничко лекување;
  • Вкупниот број на заболени од вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 552;