Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 31 август

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп нема нови случаи на коронавирус, а 3 лица оздравеле од заразната болест;
  • Бројот на активни случаи изнесува 109, од кои 85 се наоѓаат на домашно, а 24 на болничко лекување;
  • Од последици на заразната болест, почина едно лице на возраст од 65 години. Вкупниот број на починати изнесува 29;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 463.

Со почит,

Општина Прилеп