Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 25-ти мај

Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 46.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 15 лица. Од нив 12 се позитивни на коронавирус, а тројца се наоѓаат во делот за изолација.

Со почит,

Општина Прилеп