Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 24-ти август

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 8 нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле две лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 62, од кои 50 се наоѓаат на домашно, а 12 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 139 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 399.