Имплементација на проектот „Младинска картичка“

Агенцијата за млади и спорт започна со имплементација на проектот „Младинска картичка“ која е дел од програмата на Владата и дел од годишната програма на Агенција за млади и спорт за 2019 година. Реализацијата на проектот „Младинска картичка“, ќе овозможи разни поволности за младите на возраст од 15 до 29 години, во однос на користење на производи, услуги и сервиси кои им се потребни. Општина Прилеп упатува апел до сите правни субјекти активно да се вклучат во реализацијата на овој прокет. За таа цел, во среда, 15.05.2019 година, во 12 часот претставници од Општина Прилеп и Агенцијата за млади и спорт на организирана средба со бизнис секторот во големата општинска сала, ќе ги образложат придобивките од реализацијата на овој проект.

Правните субјекти имаат можност да одредат своја понуда на попусти за младите и да ја презентираат истата преку младинската картичка, со што ќе успеат да се промовираат и помеѓу младите на локално ниво. Воспоставувањето на оваа Младинска картичка би претставувало одговор на барањата на младите за финансико олеснување  на нивниот секојдневен живот, како и за добивање релевантни информации за актуелните младински прашања. Преку мрежа на услуги, попусти и други придобивки, Младинската картичка ќе им овозможи на младите да бидат информирани за средината во која живеат и за случувањата во нивното окружување, со цел активно да учествуваат во истите. Преку оваа платформа ќе се реализираат дел од веќе утврдените цели на Владата на Република Северна Македонија.

За повеќе информации:

Одделение за ЛЕР

Е-маил: cvetestanojoska@gmail.com

Телефон: +38948401709

Мобилен: +38977540919