Именувани нови седум в.д. директори на три средни и четири основни училишта во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, според Законот за основно и средно образование на 13.11.2017 година именуваше нови в.д. директори.

За нов в.д. директор на СОУ„Ѓорче Петров“ е именуван Страшо Ѓорѓиоски на местото од Дејан Димоски, а на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ е поставена Билјана Маркоска на местото од Васил Гајтаноски. Димитријанка Манолева е нов в.д директор на СОУ „Орде Чопела“ на местото од Елизабета Трајкоска.

На ООУ „Гоце Делчев“ денеска за нов в.д. директор е поставен Веле Ѓорѓиоски, кој го замени досегашниот директор Трајче Караилоски. На ООУ „Кочо Рацин“ нов в.д. директор е Зора Чадамова на местото од Петре Крагуески, во ООУ „Круме Волнароски“ во н.м. Тополчани за в.д. директор е именувана Јасмина Караниколова на местото од Дејан Бунтески, а за нова в.д директорка во ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ е назначена Кети Стевананџија на местото од досегашниот директор Николче Кузески.