Градоначалникот Јованоски во обиколка на полициските контролни пунктови низ градот

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски заедно со командирот
на Полициската станица – Прилеп, Кире Спиркоски, денеска беа во обиколка на
контролните пунктови низ градот, при што извршија увид во спроведувањето на
мерката за забрана на движење на граѓаните.

Општата констатација на полициските службеници, кои мерката за
ограничување на движењето на граѓаните ја спроведуваат со повеќе патролни
екипи и седум контролни пунктови на излезите од градот, е дека граѓаните го
почитуваат полицискиот час.

Градоначалникот Јованоски им се заблагодари на полициските службеници, за
нивната пожртвуваност, доследност и професионалност во спроведувањето на
полицискиот час и забраните за дневно движење и групирање на граѓаните,
мерки кои се во интерес на заштита на јавното здравје од коронавирусот.

Согласно последните измени и дополнувања на забраната за движење во
деновите на викендот, полицискиот час денеска започна во 16:00 часот и ќе
трае до 05:00 часот.