Градоначалникот Јованоски, го прими фудбалскиот ас Нестороски

Иднината на фудбалот во Прилеп и Македонија, беа тема на денешната средба во Општина Прилеп, на градоначалникот Илија Јованоски со прилепскиот интернационалец и македонски репрезентативец, Илија Несторовски.

Несторовски, којшто моментално настапува за италијанскиот „Палермо“ го запозна градоначалникот Јованоски со функционирањето на големите италијански и европски фудбалски клубови и со начинот на којшто, тие остваруваат соработка со властите во нивните земји, во правец на подобрување на спортската инфраструктура и градење на млади фудбалски таленти.
Според градоначалникот, нашиот сограѓанин, спортски ас, Несторовски и другите македонски интернационалци, се вистински спортски амбасадори ширум светот. Тие имаат непроценлива улога во промоцијата на македонскиот фудбал и на новите таленти од нашиот Прилеп и Македонија.
Во оваа пригода, Несторовски му го подари својот дрес со бројот и боите на „Палермо“ на градоначалникот Јованоски.