Градоначалникот Јованоски и претседателот на Советот Талевски, присуствуваа на традиционална прослава на Ѓурѓовден во населбата Тризла

По повод големиот христијански празник Ѓурѓовден, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски денеска присуствува на традиционалното одбележување на празникот во населбата Тризла.

Упатувајќи им искрени честитки градоначалникот Јованоски го потенцираше значењето на Ѓурѓовден, како најголем христијански празник од пролетниот циклус, којшто секогаш се чествува на 6-ти мај. Како што рече овој празник го празнува не само христијанското, туку целото население, а во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот, воопшто.

Ѓурѓовден традиционално се чествува во населбата Тризла,мај 2018

„И вам сите собрани овде, и на сите граѓани коишто го чествуваат, им го честитам Ѓурѓовден, денот кога се чествува делото на свето-маченикот Георгиј. Ви посакувам многу радости и поводи за празнување, за подобар живот. Во таа насока се и напорите на Општина Прилеп и моите заложби, за подобрување на условите за живот. Досега презедовме многу активности, коишто ги ветив пред изборите, во кампањата и сега повторно ви ветувам дека сите напори ќе ги вложам за да имате што подобар живот, како рамноправни граѓани на општината“, истакна градоначалникот Јованоски.

Ѓурѓовден традиционално се чествува во населбата Тризла