Градежно државно земјиште – забрана за отуѓување до завршеток на избори

Од денот на донесување на одлука за распишување на избори, согласно чл.8-а ст.1 алинеа 2 од Изборниот законик (Службен весник на РСМ бр.40/2006; 127/2006; 136/2008; 155/2008; 163/2008; 44/2011; 51/2011; 54/2011; 142/2012; 31/2013; 34/2013; 14/2014; 30/2014; 32/2014; 31/2015; 196/2015; 35/2016; 97/2016; 99/2016; 136/2016; 142/2016; 57/2017; 67/2017; 125/2017; 35/2018; 99/2018; 140/2018; 208/2018; 27/2019; 98/2019; 146/2019; 42/2020; 72/2020; 160/2020; 74/2021; 215/2021; 58/2024; 76/2024; 63/2025; 116/2025) и чл.34 ст.1 алинеа 2 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (Службен весник на РСМ бр. 12/19), општина Прилеп не смее да отуѓува државен капитал и да  врши работи за располагање со градежно земјиште и тоа до завршување на избор на градоначалник, односно до конституирање на Советот на Општина Прилеп.