Фестивалот на пивото ќе се одржи од 9 до 11 август

Од 9 до 11 август во Прилеп ќе се одржи Фестивалот на пивото, под името „Prilep Beer Weekend“ 2024, манифестација која и оваа година ќе понуди многу забава, вкусна скара и ладно пиво за сите посетители. Локацијата, на одржувањето на манифестацијата останува истата, во центарот од градот на плоштадот „Александрија“, – истакнаа на денешната пресконференција, градоначалникот Борче Јовчески и Дарко Крстески од продукцијата „Евент гроуп“ од Скопје, која што ќе биди организатор на годинешната манифестација.

“Богатата музичка програма на „Prilep Beer Weekend“ верувам дека ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители бидејќи баравме изведувачи од различни музички жанрови. Ќе настапат близу 20 изведувачи од земјава и Балканот, а во оваа прилика би открил неколку имиња: музичката група Ван Гог, групата Амадеус Бенд, македонската група Суперхикс, која слави 30 години од постоење на музичката сцена, балканската поп пејачка, Сања Вучиќ, македонскиот фолк изведувач, Наум Петрески, а ќе настапи и светски познат диџеј. Но, целата фестивалска програма ќе биде позната во наредните денови.„ истакна Дарко Крстески од продукцијата „Евент гроуп“.
Општина Прилеп најави дека е подотвена за сите постители кои ќе го посетат градот во ови три фестивалски вечери како во однос на јавниот ред и мир, хигиената во градот, водоснабдувањето и паркинг просторот каде максимално се вклучуваат сите Јавните комунални претпријатија, рече градоначалникот на Прилеп Борче Јовечски.
„Општина Прилеп има предвиден буџет од 1 милион денари во програмата за култура со што, традиционално, и оваа година ја поддржува манифестацијата. Градот сигурно ќе биде максимално подготвен за одлична забава на еден од најголемите фестивали на скарата и пивото во Македонија и на Балканот. Во заедничка координација со организаторот, со кој што имаме потпишано меморандум за соработка за организација на манифестацијата, oбезбедена е одлична музичка програма. Како градоначалник сакам да изразам благодарност на сите пиварници, угостители и компании кои се партнери на овој фестивал и заеднички да придонесеме кон подобар локален економски развој.“- дополни градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Манифестацијата „Prilep Beer Weekend“ ќе се простира на површина од околу 3.000 метри квадратни предвидени за поставување на штандовите и музичката сцена. За време на одржувањето на фестивалот Советот на Општина Прилеп донесе одлука работното време на Чаршијата и угостителските објекти, во трите фестивалски дена, да биде продолжено за два часа.
.