Едукативна еднодневна екскурзија за наградените ученици во организација на Општина Прилеп

За учениците (160) кои што постигнаа врвни резултати на државни и меѓународни натпревари, годинава за прв пат Општина Прилеп организира едукативна еднодневна екскурзија во Охрид.

Во рамките на оваа посета на македонскиот туристички бисер Охрид,учениците поделени во две групи викендов ќе се запознаат со бројни историски споменици: Самоиловата тврдина, Плаошник, Канео, амфитеатарот, локалитетот Манчевци, црквата Света Софија и Куќата на Робевци.

Оваа едукативна екскурзија Општина Прилеп ја организира по повод националниот празник „11 Октомври“.