Доделени се наградите за најдобрите пионерски екипи од хуманитарниот светиниколски турнир

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во големата сала на Општина
Прилеп им ги додели наградите на пионерските екипи, коишто освоија прво и
второ место на хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола 2018“.
Градоначалникот Јованоски ги поздрави младите спортисти посакувајќи им
многу успеси.

„Сакам на сите вас, наши идни млади генерации да ви честитам за постигнатиот успех, да ви посакам многу здравје и среќа за понатаму. На организаторите на годинешниот светиниколски турнир во мал фудбал, на ‘Локалниот спортски сојуз’ уште еднаш им се заблагодарувам за добрата организација. На хуманитарниот турнир се собрани 181.000 денари, коишто ќе бидат наменети за лицата со ретки болести, поточно парите ќе бидат наменети за децата со цистична фиброза и тоа на 28 февруари, на денот на лицата заболени од ретки болести“, истакна градоначалникот Јованоски.

Прво место од „Генерација 2005/2006“ е екипата од „Конфекција Кули“.
Второто место е за екипата „Генерација 2006“. Од „Генерација 2007/2008“,
прво место го освои екипата на „Хримакс“, а второто место на „Кабелнет“. Од
„Генерација 2009“, прво место го освои „Теко Солар“, а второ место екипата
„Ламасиа“ од Охрид.

На светиниколскиот турнир, беа доделени медали на пионерите за прво, второ
и трето место. А трето наградените добија и фудбалска топка како награда.