Доделени плакети за придонес во занаетчиството и заедницата на 13 граѓани од ромската етничка заедница

Градоначалникот Илија Јованоски, синоќа додели признанија за значаен придонес во
занаетчиството и заедницата на тринаесет наши сограѓани од ромската заедница. Приемот се одржа во хотелот Атлас и беше уште еден во низата настани по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8 април. Плакети за придонес во занаетчиството и заедницата им беа врачени на Беат Абдулоски, Селахудин Рашидоски, Ариф Рашидоски, Ерџан Џемаилоски, Хусеин Амзоски, Алајдин Абдулоски, Раме Јашароски, Сејхан Ајвазоски, Зекимирем Абдулоски, Сејдо Емрулоски, Ахмед Синаноски, Сејдо Таироски и Вефки Шабаноски. Во своето обраќање градоначалникот Илија Јованоски честитајќи го Меѓународниот ден на Ромите истакна дека Општина Прилеп максимално се залага за интеграција на ромската заедница во сите сегменти на општественото живеење и дека лични успеси и постигнувања се успеси и за Општина Прилеп која промовира еднаквост за сите граѓани.