Доделени дипломи за учество на карневалот „Прочка 2022“

По повод 20-тото издание на карневалот „Прочка“, градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денес во просториите на Општината оствари средба со учесниците на карневалското дефиле и изложбата на маски.

На средбата градоначалникот Јовчески им додели дипломи на сите учесници а на најуспешните им се заблагодари и им упати и честитки за освоените награди. Јовчески истакна дека со организацијата на карневалот „Прочка“ се поттикнува  натпреварувачкиот дух и креативноста кај младите и се овозможува на еден современ начин да се негува вековната традиција.

Диплома за најмаска  беше доделена на основното училиште „Кочо Рацин“ во населбата Рид за маската  „Доаѓањето на Али“во која  учествуваа вкупно 56 ученици од 1-г, 4-г, 4-д, 5-г и 5-д од ООУ „Кочо Рацин“, под менторство на наставничките Каролина Тренеска, Наташа Аризанкоска, Зоре Ангелеска и Светлана Велкоска.

Костимите кои ги носеа учениците беа дело на прилепскиот уметник Александар Џинго, додека атрактивната кочија со која Аладин пристигна на прилепскиот карневал е дело на Снеже Цветкоска, сопственик на Decoration hous Lizijan“. Изработката на најмаската која пленеше со својот раскош и убавина е потпомогната од страна на компанијата Комфи Ангел.

Диплома за освоено прво место доби маската „Индијанско село“ од ООУ „Кочо Рацин“ составена од 52 ученици од три паралелки од петто оделение под менторсто на наставниците Пеша Крстеска, Виктор Здравески и  Елена Трајкоска.

Со диплома за втората награда се закитија учениците од  ООУ „Добре Јованоски“  за маската „Кинески змеј“ изработена со помош на наставничката по ликовно образование  Маја Најдоска, наставникот по музичко, Гоце Стојкоски  и  социјалниот работник Ангела Бошкоска.

Со пораката „Од цвет на цвет жив цел свет“  маската „Пчелки  радосници“  во која учествуваа два класа од четврто одделение од основното „Рампо Левката“ под менторсто на наставничките Габриела Салатоска и Елеонора Гешоска  добија диплома за освоена третата награда.

Исто така дипломи за освоено прво место на ликовната изложба „Прочка 2022“ им беа  врачени и на Димитар Талески, IX одд ООУ „Кирил и Методиј„ – с.Подмол, Андреј Бошески IX одд ООУ „Блаже Конески“ и Антонио Ѓурчиноски од СОУ „Ѓорче Петров“ на Асад Бјелак  од СОУ „Ѓорче Петров“, Лејла Јаховиќ од  ООУ „Пере Тошев“ – с.Десово и Iодделение од  ООУ „Климент Охридски“  за освоено второ и на Меланија Ристеска од VIa од  ООУ „Гоце Делчев“ , Андреј Митрески IX4 од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“  и Филип Настески VIIIб  од ООУ „Страшо Пинџур“- с.Мало Коњари за освоено трето место на ликовната изложба која повод 20-тото издание на карневалот Прочка  минатиот петок се одржа во ЦК „Марко Цепенков“.