Десет новозаболени и еден починат од коронавирус во општина Прилеп

DCIM100MEDIADJI_0028.JPG

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, вторник 14-ти април:

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во општина Прилеп;

  1. Регистрирани се 10 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 85;
  2. Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка;
  3. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 15 лица. Од нив, 12 се позитивни на коронавирус, од кои две лица кои се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати. Сите тројца се со средна клиничка слика;
  4. Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.