Денеска во општина Прилеп има 8 новозаболени лица од коронвирус.

Во Инфективното одделение на Општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на КОВИД-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 284 лица. Во изминатото деноноќие, евидентирано е едно нарушување на полицискиот час.

Потсетуваме дека денеска, веднаш после почетокот на забраната за движење на граѓаните, во 15.00 часот, ќе започне акција за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот. Акцијата ќе биде реализирана со волонтери од Прилеп и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучително и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

За таа цел, се замолуваат граѓаните да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, заради непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици и поголема ефикасност во нивната дезинфекција.

Акцијата продолжува и утре, недела 26 април во 10.00 часот, кога триесетина волонтери на Општина Прилеп ќе ги дезинфицираат влезовите и јавните површини пред сите згради во градот.

Со почит,

Општина Прилеп