Демант од Општина Прилеп

Врз основа на веста објавена во Слободен Печат со наслов „Две скопски средни училишта и едно во Прилеп принудно на онлајн настава поради греењето“ ве известуваме дека во Општина Прилеп во ниту едно училиште било да е основно или средно нема никаков проблем со греењето. Исто така сакаме да Ве известиме дека  Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири воопшто нема стапено во контак со градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески затоа што за тоа немало причина.