Четвртооделенците од ООУ „Кочо Рацин“ во посета на Општина Прилеп

Четвртооделенците од основното училиште „Кочо Рацин“ денеска ја посетија Општина Прилеп и се сретнаа со градоначалникот Борче Јовчески. Посетата на учениците е во рамките на годишната програма по предметот Општество каде учениците учат за надлежностите на локалната самоуправа и градоначалникот.

Учениците заинтересирани околу тоа какви надлежности има Општината и како функционира локалната самоуправа, го прашуваа градоначалникот како се решаваат конкретните проблеми кои се во надлежност на Општината.

Ваквите посети се најдобар начин да се научи како функционира локалната самоуправа и која е нејзината важност преку непосредна средби.