Честитка од градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски по повод Денот на рударите, 28 август

Рударството отсекогаш била стопанска гранка која придонесувала за развој на целокупното стопанство, како во општина Прилеп, така и во целата држава. Со голема посветеност и макотрпна работа, рударите ја извршуваат една од најтешките професии, во услови каде често се изложени на големи ризици. Затоа, сите ние треба да им оддадеме признание за нивниот огромен труд и напор.
Нека е честит 28 август, Денот на рударите.
Среќно!

Градоначалник на општина Прилеп
Илија Јованоски