Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Велигден до сите православни верници

Драги мои сограѓани од православна вероисповед, ви го честитам големиот христијански празник Велигден, со желби за духовен мир, слога и благосостојба во домот.

Ви посакувам, Велигденските празници да ги поминете во добро здравје, со добра мисла, со љубов кон најблиските, саканите, со милост за немоќните.  Чествувањата да бидат и годинава во духот на толеранцијата и взамната почит, со почит на различностите и верските слободи на сите граѓани.

Ви посакувам весели празнични денови, со љубов и радост во срцата.