Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Денот на сесловенските просветители

Почитувани сограѓани,

Со денешното празнување го одбележуваме  24 Мај – Денот на сесловенските просветители и учители, браќата Кирил и Методиј, поради кои овој ден се одбележува и како Ден на словенската писменост и култура.

Браќата Кирил и Методиј преку својата просветителска дејност  дале особен придонес во описменувањето и културниот развој не само на македонскиот, туку и на сите други словенски народи.

Поставувањето на темелите на писменоста на словенските народи, е само дел од придобивките со кои нé задолжија да ги негуваме нашите историја, култура и традиција.

Нека ни е честит и вековит Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Градоначалник на општина Прилеп

Илија Јованоски