Честитка од градоначалникот Илија Јованоски до припадниците од исламската вероисповед по повод почетокот на Рамазан

На почетокот на Рамазан, најсветиот месец за верниците од исламска
вероисповед, на сите муслимани им посакувам многу здравје, мир, радост и
благосостојба во нивните домови и семејства.

Рамазан, месецот на духовното и телесното прочистување, месецот на
милоста и простувањето, нека биде поттик да ги негуваме и унапредуваме
универзалните човечки вредности: меѓусебното почитување, помагањето,
солидарноста, хуманоста, милосрдието.

Со молитви за здравје, среќа и благосостојба од своите домови, заедно да ги
надминеме сите премрежја и искушенија пред кои сме исправени во овие
времиња на пандемија од вирусот КОВИД-19.

На сите вас – верниците од исламска вероисповед ви посакувам лесни пости,
деновите на благословениот месец Рамазан да ги поминете во добро здравје,
исполнети со семејна љубов, душевен мир и хармонија.