Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, по повод големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам

На нашите сограѓани од исламска вероисповед им го честитам големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам. Им посакувам празничните денови да ги минат во кругот на семејството, опкружени со среќа, љубов, радост и добро здравје.

Празникот нека биде повод за зацврстување на верата и надежта во напредокот и подобрата иднина, бидејќи взаемното почитување и славење на празниците на различните верски заедници, се столб на соживотот.

Мултиетничкиот карактер на нашата држава, богатството од различни култури и бројноста на етничките заедници, во себе носат важна порака: дека етничката и верската различност нè зближуваат и дека меѓусебното разбирање и толеранцијата, треба да бидат мост меѓу сите граѓани.

Честит и за многу години Рамазан Бајрам!