Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски по повод Денот на народното востание 11.Октомври

Почитувани граѓани на градот херој,

Востанието против фашистичкиот окупатор, кое во предвечерието на 11 октомври 1941 година започна токму од нашиот град, е симбол за слободарскиот и револуционерен дух на граѓаните  на Прилеп, но и темелник на вековниот сон на Македонците за своја слободна и независна држава.

Пред 78 години, со екот на првите слободарски пушки на многуте знајни и незнајни борци, беше испишан овој светол датум од македонската и историјата на слободарски Прилеп.

Предводени од аманетот и херојското дело на нашите предци, силно верувајќи во идејата за слободна, праведна, развиена и просперитетна држава – членка на евро – атлантското семејство, цврсто го трасираме патот кон остварувањето на подобра сегашност и иднина за наредните поколенија.

Да живее вечно споменот и делото на нашите храбри борци.

Нека е честит Денот на народното востание, 11.Октомври.