Честитка на градоначалникот Јованоски по повод Денот на Армијата 18 Август

Почитувани,

Македонската Армија – чуварот на територијалниот интегритет, суверноста и безбедноста на нашата држава, денеска одбележува 28 години од своето постоење.

28 години исполнети со пожртвуваност, храброст, решителност и многу предизвици за зголемување на борбената готовност на Армијата, како и за зачувување на мирот во татковината и помош за граѓаните во случаите на природни и елементарни непогоди, на кои одважно и одлучно одговорија многуте генерации на офицери, подофицери и војници.

Денес, како земја членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз, сите се гордееме на фактот дека припадниците на македонската Армија стојат гордо и достоинствено, рамо до рамо со нашите сојузници и армиите на државите кои се дел од НАТО алијансата.

Како градоначалник на општина Прилеп, на целиот воен персонал на прилепската касарна „Мирче Ацев“ и на сите припадници на македонската Армија, ви го честитам 18 Август – Денот на Армијата!