Честитка на градоначалникот Илија Јованоски по повод Meѓународниот ден на медицинските сестри

По повод Меѓународниот ден на медицинските сестри, 12 Мај, градоначалникот испрати честитка со следната содржина:

Од првиот контакт со пациентите и нивните семејства, низ периодот на лекување, па се до рехабилитацијата, медицинските сестри со нивната хуманост и грижа имаат непроценлива важност во подобрувањето на здравјето на секој заболен.

Денеска на Меѓународниот ден на медицинските сестри, оддаваме заслужена почит за вашата посветена и неуморната работа, за вашиот личен влог во зачувувањето на здравјето на граѓаните, признание кое го заслужувате во секој ден од годината.

Во овие вонредни и исклучително тешки услови во битка со невидливиот непријател – Вирусот КОВИД-19, не штедејќи се себеси во пружањето на стручна и одговорна помош на пациентите во болниците и амбулантите, покажавте вистински карактер и виталност во справувањето со коронавирусот.

Ви благодариме од срце. Нека е честит 12 Mај – Меѓународниот ден на медицинските сестри.