Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

ОПШТИНА ПРИЛЕП
ОБЈАВУВА
Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 122 став 1 од Законот за животна средина („Службен весник на Р.М.“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), до Градоначалникот на општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола бр.10-2285/1 од 02.09.2022 година.

Подносител на барањето:
ДППУ „ЛАМИНАТИ КОМ“ ДОО Прилеп
Адреса на локацијата: ул.„Александар Македонски“бр.122 Прилеп
Категорија на инсталација:
Прилог 2, Точка 6. Останати активности, подточка 6.7Инсталација за површинска обработка на материјали, предмети или производи во кои се користат органски растворувачи, пред се за превлекување , печатење, премачкување со туткал, бојосување, чистење или импрегнирање, со капацитет на потрошувачка од 10 до 150 кг/ч (Сл.весник 89/05).

Барањето за Б – интегрирана еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапно на заинтересираната јавност во рок од 15 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден од 09:00 до 13:00 часот
Секторот за Урбанизам, Комунални работи и заштита на животна средина

Ве информираме дека Барањето за Б – интегрирана дозвола ќе биде достапно и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на општина Прилеп.
Информации во врска со барањето заинтересираната јавност може да се добие во општина Прилеп. Сите засегнати правни и физички лица во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето имаат право да достават мислења и коментари во писмена форма до општина Прилеп, ул. Прилепски бранители бб, 7500 Прилеп.

Општина Прилеп
Градоначалник
Борче Јовчески

BARANJE za prodolzuvanje na B dozvola

Општина Прилеп објавува Барање за Б-ИЕД