Прилеп им оддаде почит на Гоце Делчев и Пере Тошев, великаните на македонската борба за слобода

0
Денеска, на 4 мај, со положување свежо цвеќе на спомен-обележјата на Гоце Делчев во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, на споменикот на нашиот прилепчанец Пере Тошев во центарот на градот, на неговиот гроб во црквата „Свето Благовештение“, како и на Могилата на непобедените, симбол на непокорот на прилепчани, ја одбележавме 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев и 114 години од смртта на Пере Тошев.
Воедно, го одбележуваме и патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“, горди што младите генерации растат и се воспитуваат во духот на неговото дело и идеали.
Овие двајца великани не само што ги положија своите животи за слободна Македонија, туку оставија и траен завет за идните генерации, дека љубовта кон татковината и стремежот кон слобода се највисоките човечки идеали.
Гоце Делчев и Пере Тошев беа визионери, со непоколеблива верба во правото на македонскиот народ да живее слободно и достоинствено. Нивната жртва е темелот врз кој се гради нашата државност, а нивниот пример е патоказ да ја чуваме Македонија, да ја градиме со посветеност и љубов и да ја пренесеме на идните генерации.
Вечна слава на револуционерите Гоце Делчев и Пере Тошев!
Нека нивниот лик и дело нè потсетуваат дека Македонија е наша заедничка одговорност и љубов, а нивната борба нека биде инспирација за секој чекор кон подобро утре за генерациите што доаѓаат.