ОДЛУКА за измена на Одлука

Врз основа на член 14 од Правилникот за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп бр. 09-2844/5 од 23.08.2023 година, Градоначалникот на Општина Прилеп на ден 29.09.2025 година ја донесе следната:

 

ОДЛУКА

 за измена на Одлуката за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, жители на Општина Прилеп за една академска година

 

Член 1

Во одлуката за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, жители на Општина Прилеп за една академска година бр.03-2942/15 од 24.09.2025 година, член 1 се менува и гласи:

,,Се доделуваат стипендии за една академска година на следните студенти на Економски факултет – Прилеп, кои се жители на Општина Прилеп и ги исполнуваат условите согласно Правилникот:

 

-Георгина Стојаноска

-Михаела Слабакоска

-Бојан Цветаноски

-Сара Јонческа

-Тамара Божиноска

-Тамара Глигороска

-Мила Макалоска

-Теодора Ристеска”

Член 2

Согласно извршената проверка со Економски факултет – Прилеп: Михаела Јанческа и Изабела Стојков веќе се корисници на стипендии од страна на факултетот,  а додека пак Христијан Јонзоски е запишан во втор уписен рок, со што не ги исполнуваат условите утврдени во Правилникот,и поради тоа се изземаат од основната Одлука и немаат право на стипендија од страна на Општина Прилеп.

 

Член 3

Градоначалникот на Општина Прилеп ќе склучи поединечни договори со студентите од Член 1  на оваа одлука за користење на стипендијата, при што детално ќе бидат уредени начинот и условите за користење.

Член 4

Оваа Одлука стапува во сила веднаш и ќе биде објавена на официјалната веб-страница на Општина Прилеп.

 

      Градоначалник
  на Општина Прилеп
     Борче Јовчески

ПРЕЗЕМИ одлука за измена на одлуката 2025