Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток, 22 октомври

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 36 нови случаи на коронавирус;
  • Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 73-годишна возраст;
  • Бројот на активни случаи изнесува 272, од кои 236 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 573 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1009;
  • Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 50 лица.

Со почит,

Општина Прилеп