Повеќе од 66 милиони денари, од општинскиот буџет за улици и мостот кај Сточно пазариште

Улицата „Цане Кузманоски“ во населбата „Чачорица“, улиците „Бистра планина“ и „Пчиња“ во урбаната заедница „Гоце Делчев“ се уредуваат и градежно оспособуваат, за да им се олесни животот на граѓаните и во овие делови од градот. Како што истакна денеска градоначалникот Илија Јованоски, не само овие сообраќајници, туку во текот на годишената градежна сезона ќе бидат тампонирани и асфалтирани сите сообраќајници во градот, со решени имотно-правни односи. Општината за реализација на инфраструктурни проекти оддвои повеќе од 66 милиони денари.

Ветувањето „Прилеп без кал“, акцентираше денеска градоначалникот Јованоски е императивен за локалната власт и во текот на оваа година ќе бидат реализирани бројни инфраструктурни зафати во сите делови од градот. Прилеп конечно ќе добие урбан лик во секоја населба, граѓаните оптиминални услови за сообраќај, а возачите нема да бидат изложени на нервози, зашто ќе бидат квалитетно санирани сите ударни дупки.

Освен реализацијата на проектите, коишто според претседателите на месните заедници се приоритетни за жителите, а беа презентирани на средбата со градоначалникот пред околу два месеца, Општина Прилеп стави акцент на инфраструктурната програма. Така што годинава над 26 милиони денари ќе бидат инвестирани за реконструкција и адаптација на сообраќајните. Тендерот за санирање на ударните дупки е во висина од 10 милиони денари,а во рамки на инфраструктурните зафати е и тендерот вреден 30 милиони денари за реконструкција на мостот во населбата „Сточно пазариште“.

Се на се, во текот на годинава, Прилеп ќе биде град со решени инфраструктурни проблеми, улиците без кал, секаде каде што има комплетна урбанистистичка документација.