Реакција на прес на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп

Почитувани,

Во повеќе наврати досега, Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски
покажале дека грижата за најмладите им е од приоритетно значење.

За тоа доволно говорат бројните инвестиции на прилепската локална самоуправа,
во насока на подобрување на условите за престој на децата во градинките, како и
изградбата на нови сместувачки капацитети.

Најдобар пример за тоа е новоотворената и комплетно опремена градинка во
ООУ „Рампо Левката“, проект вреден 5.045.953,00 денари.

Истовремено, во насока на намалување на бројот на деца кои чекаат да бидат
згрижен во објектите на ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“, се преземените
активности за отворање на уште два нови капацитета.

Првата ќе биде изградена во склоп на просториите на Тутунски Комбинат АД
Прилеп, за која е изработена целосната техничка документација и се чека на
издавање на одобрение за градба. Во меѓувреме, се спрема тендерска
документација за реализација на проектот како и за набавка на потребниот мебел
и апарати за опремување на градинката.

Втората детска градинка ќе биде отворена во населбата „Точила“. За оваа
градинка во тек е изработка на ДУП, за предвидениот простор каде ќе биде
изградена градинката.