Градоначалникот на Општина Прилеп согласно член 107 став 13 а во врска со член 122 став 4 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 , 89/22 и 171/22,3/25 и 124/25) ја издава следната:
О Б Ј А В А
на нацрт Б – интегрирана еколошка дозвола
Согласно член 124 став 1 од Законот за животна средина (Сл. весник на РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 , 89/22,171/22, 3/25 и 124/25), до Градоначалникот на Општина Прилеп доставено е барање за издавање на Б – интегрирана еколошка дозвола заведено со деловоден број бр.10-1953/1 од 20.09.2024 година.
Подносител на барањето:
Друштво за производство, трговија и транспорт МИСА-МГ ДОО експорт-импорт Скопје, површински коп за експлоатација на минерална суровина, градежно – технички камен на локалитетот “Плетвар” кај с.Плетвар Општина Прилеп Адреса: ул. Павел Шатев бр.3 ламела3/локал 10 Скопје–Кисела Вода, Кисела Вода
Категорија на инсталација:
Прилог 2,
Точка 3 – Индустрија на минерали, Подточка 3.2 Инсталации за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини, доколку не се опфатени со Прилог 1, (Сл.весник на РМ 89/05).
Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на:
Општина Прилеп
Ул.Прилепски бранители бр.1
Секој работен ден во работно време
Секторот за Урбанизам комунални работи и заштита на животна средина
Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница www.prilep.gov.mk на Општина Прилеп.
Општина Прилеп
Градоначалник Дејан Проданоски

