Свечено затворен фестивалот ’Со Марко на улица’

Со дневното студио за “Body painting“, изведено од вредните раце на незаменливиот Сашо Мартиновски, се затвори првиот уличен фестивал “Со Марко на улица“ кој траеше три дена во Прилеп.

“Тука е финишот, кога завршуваме со фестивалот и благодарам на публиката, идеата е веќе ивадена од главата и реализирана, сега слободно можете да уживате во неа. Секој пат постои можност за нешто ново.  Во годината имам неколку излагања од ваков тип и од типот на филмски излагања“ вели Мартиновски.

Фестивалот “Урбан Марко“, понуди бројни содржини пред многубројната публика, а целта беше  да се реактуелизира културното и народното наследство, во овој случај на ликот на големиот собирач на народни умотворби и приказни Марко Цепенков.