„Мајка Традиција“ организираше хуманитарен ручек за семејства на самохрани родители

Невладината организација „Мајка Традиција“ денеска во хотелот „Салида“
организираше традиционална 10-та по ред „Велигденска трпеза“ по повод
христијанскиот празник Велигден. Давајќи му хуманитарна димензија на
настанот, членките на ова здружение поканија една жена во трето доба и
самохрани родители со своите деца да им бидат гости на трпезата.

„Велигден е празник на радоста и среќата, но и вистинска можност семејството
да се собере на заедничка и богата велигденска трпеза. Денеска е трет ден
Велигден, ние решивме да биде хуманитарен. Затоа поканивме три семејства
самохрана мајка на три деца, самохран татко на три деца и една неподвижна
жена во трето доба од својот живот. Ним им ги подаруваме софрите што ги
подготвивме“,изјави Љубица Петреска, претседателка на здружението „Мајка
Традиција“.