Јавен увид на финална нацрт верзија од Планот за одржлива урбана мобилност на општина Прилеп

Општина Прилеп е дел од проектната активност на Министерството за транспорт за изработка на планови за одржлива урбана мобилност (SUMP – Sustainable Urban Mobility Plan) во рамките на проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира со финансирање од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Развивањето на План за одржлива урбана мобилност за општина Прилеп, заедно со градење на капацитетите на општината во планирањето на одржлива урбана мобилност ќе придонесе да се подобри пристапноста, да се промовира здравјето и безбедноста, да се поддржи економскиот раст и да се ублажат влијанијата врз животната средина. Ова ќе се постигне преку подобрувања во патната инфраструктура, промовирање на одржливи начини на транспорт и усвојување иницијативи со ниска содржина на јаглерод, насочени кон намалување на емисиите и оптимизирање на протокот на сообраќај, што за градот Прилеп ќе биде од големо значење.

Планот за одржлива урбана мобилност ќе се фокусира на задоволувањето на потребите за мобилност на луѓето во урбаното подрачје и на организациите и компаниите кои гравитираат во Општина Прилеп. При изработката на истиот, се користи транспарентен и партиципативен пристап за да се обезбеди активно вклучување на граѓаните и другите засегнати страни во подготовката и спроведувањето на истиот. Планот за одржлива урбана мобилност и политиките што го поддржуваат, бараат од јавноста активно да дејствува на партиципативен начин и со своето активно ангажирање да ја зголемува веројатноста за јавно прифаќање и поддршка за планот и олеснување на неговото спроведување во општественото живеење.

Планот за одржлива урбана мобилност моментално е во завршна фаза со изработка и има во план досегашната работа да ја сподели со јавноста и сите засегнати страни од град Прилеп.

Согласно тоа се обраќаме до Вас како граѓани на Општина Прилеп и Ве покануваме да земете активно учество при ревизијата на Планот за одржлива урбана мобилност, со тоа што вашите забелешки и видувања ќе можите да ни ги испратите на следната мејл адреса sump2026prilep@gmail.com во периодот од 09.04.2026г до 29.04.2026г.
Финалната нацрт верзија од Планот за одржлива урбана мобилност на општина Прилеп можете да ја погледнете и симните на следниот линк:
Однапред Ви благодариме за соработката!
Координатор на проектот – Гоце Бојкоски

Со почит, Општина Прилеп

Градоначалник – Дејан Проданоски

ПРЕЗЕМИ SUMP FinalReport-Prilep MK