Реализирани корективни зафати на улицата „Александар Македонски“

По барање на жителите, институциите и деловните субјекти кои се наоѓаат на улицата „Александар Македонски“, се реализираа корективни зафати на патната инфраструктура на оваа улица.

Иако улицата беше изградена минатата година, во пракса се покажа дека поставените ивичњаци го отежнуваат паркирањето и создаваат одредени пречки во секојдневното функционирање на овој дел од градот.

Со цел да се обезбеди подобра пристапност и поголема безбедност, беа извршени активности за замена на ивичњаците и нивелирање на шахтите. Овие зафати се реализираат со цел да се одговори на реалните потреби на граѓаните и институциите и да се обезбеди пофункционално и долгорочно решение.
Во следната фаза е предвидено и уредување на тротоарите, со што дополнително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста на пешаците.

Важно е да се истакне дека извршените корекции се реализирани без дополнителни финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп. Истите се спроведени од страна на изведувачот, врз основа на забелешките на Општината и барањата на граѓаните.

Општина Прилеп останува посветена на принципот дека секој договор мора да се почитува, а обврска на изведувачот е да ги отстрани сите недостатоци кои ќе се појават по изведбата на работите.

Наш приоритет останува обезбедување квалитетна инфраструктура и решавање на реалните потреби на граѓаните.