Петти меморијален меѓународен турнир во пинг-понг „Илија Карески – Каре“ – Прилеп

Овој турнир, во организација на Пингпонгарски клуб Младост 96, со поддршка од Пингпонгарска федерација на Македонија и Општина Прилеп е настан кој веќе прерасна во значајна спортска традиција за нашиот град и претставува симбол на почит, заедништво и продолжување на вредностите кои ги негуваше Илија Карески – Каре.
„Горд сум што нашиот град повторно е домаќин на спортисти од земјата и од странство, кои преку фер-плеј, посветеност и спортски дух ја одбележуваат оваа манифестација. Прилеп отсекогаш бил град на спортот, а ваквите настани дополнително ја зацврстуваат нашата позиција како центар на спортски случувања во регионот.
Изразувам искрена благодарност до организаторите, поддржувачите и сите учесници кои придонесуваат турнирот да се одржи на високо ниво.
На сите натпреварувачи им посакувам успешни мечеви, фер и коректна игра, а на гостите пријатен престој во Прилеп. Нека победат најдобрите, а спортот нека продолжи да нè обединува.“ – рече на отворањето на турнирот, градоначалникот Дејан Проданоски. Турнирот се одржа на 28 и 29 февруари во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“.