ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

Врз основа на член 55 од Статутот на Општина Прилеп (Службен гласник на Општина Прилеп број 5 од 27.05.2021) член 5 од Одлуката за формирање на Локален младински совет, а во врска со член 17 од Законот за младинско учество и младински политики (“Службен весник на Република   Северна Македонија“ бр.10/20), Општина Прилеп објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП

 

  1. Општина Прилеп распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади.

 

  1. Локалното собрание на млади претставува тело кое е составено од по еден делегат и еден заменик делегат кои ќе бидат предложени од страна на младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

 

Локалното собрание на млади објавува Јавен повик за кандидирање на членови за Локалниот младински совет на Општина Прилеп  и ги избира членовите на младинскиот совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

Од редовите на Локалното собрание на млади се избира и изгласува тричлена комисија, која е одговорна за следење на целокупниот процес за изборот на членови на Локалниот младински совет.

Членовите на Локалното собрание на млади не се ограничени од членување во Локалниот младински совет.

 

  1. Членовите на Локалното собрание на млади имаат задача:
  • Да работат на спроведување на активностите на Собранието.
  • Да учествуваат во подготовка на документи.
  • Да предлагаат или да бидат избрани во други органи и тела на собранието.

 

  1. Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:
  • Да имаат активности на територијата на Општина Прилеп;
  • Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;
  • Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Прилеп и да се

на возраст од 15 до 29 години;

 

  1. Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи во приемното одделение на Општина Прилеп секој работен ден од 09:00-15:00 часот, во затворен плик со назнака “За Локално Собрание на Млади во Општина Прилеп”.

 

  1. Задолжителни документи:
  • Образец на пријава за номинација (Прилог бр.1)
  • Номинација на делегат и заменик-делегат со контакт-детали за претставниците (Прилог бр.2);
  • Образец на изјава за согласност за користење на лични податоци од номинираното лице (Прилог бр.3)
  • Образец изјава за прифаќање на номинацијата за делегат/заменик делегат (Прилог бр.4)
  • Портфолио за работата на организацијата;
  • Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница;
  • CV на кандидатот;
  • Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Прилeп;

 

  1. 7. Јавниот повик трае 8 (осум) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Прилеп, односно до 19.02.2026год.

 Апликантите кои ги исполнуваат условите ќе бидат дел од Локално собрание на млади. Нивна примарна цел е избор на Локалниот младински совет на Општина Прилеп.

 

Градоначалник на Општина Прилеп

Дејан  Проданоски

Подготвил, службеник за млади: Гоце Бумбароски

ПРЕЗЕМИ Документација за Јавен повик ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ – 2026

ПРЕЗЕМИ Јавен повик за ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ 2026