Врз основа на член 36, став 1, точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр.5/02 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.202/24), член 17-а став 2 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/2025), како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024), а по предлог на Градоначалникот,
Советот на Општина Прилеп објавува:
Јавен повик
за избор на членови на управен одбор
на ЈП за ПУП Прилеп
- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на членови на управен одбор на ЈП за ПУП Прилеп, со седиште на ул.,,Прилепски бранители“ бб Прилеп.
Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.213/2024).
Шифра на дејност на претпријатието 49.310 Линиски патен транспорт на патници
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk и на страната на ЈП за ПУП Прилеп https://jpzapup.com/
- УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
За член на управен одбор на ЈП за ПУП Прилеп може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:
- е државјанин на Република Северна Македонија
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен Vll/1 степен образование
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Членовите на управниот одбор на ЈП за ПУП Прилеп, треба да имаат и најмалку 5 години работно искуство, и тоа:
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
– најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
Времетраењето на мандатот на членовите на управниот одбор на ЈП за ПУП Прилеп изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.
- РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА УПРАВЕН ОДБОР
Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот Одбор, ги извршува следните работни задачи, одговорности, права и обврски и тоа:
- Го донесува статутот на јавното претпријатие;
- Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие;
- Ја утврдува деловната политика;
- Ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
- Одлучува за употребата на средства остварени со работењето на јавното претпријатие и покривањето на загубите;
- Ги донесува одлуките за инвестиции;
- Ги утврдува цените на производите и услугите;
- Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие;
- Го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во јавното претпријатие;
- Врши други работи утврдени со актот за основање и статутот на јавното претпријатие.
- НАДОМЕСТОК
Претседателот и членовите на управниот одбор на јавното претпријатие имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие.
Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на управниот одбор поединечно, не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето-плата на вработените во јавното претпријатие исплатена во претходната година.
- НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на Управниот одбор на на ЈП за ПУП Прилеп се:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
- Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,
- Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- Потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија,
- Кратка биографија,
- Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.
- ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ
Постапката за селекција на членовите на управен одбор на ЈП за ПУП Прилеп се состои од две фази и тоа:
-Фаза 1 – административна селекција (фаза во која се врши проверка на внесените податоци во пријавата со условите од јавниот повик кои треба да се идентични со условите утврдени во Законот за јавните претпријатија, како и на доставените докази и се врши нивно бодување) и
– Фаза 2 – интервју (фаза во која преку ситуациони и стручни прашања и практични задачи се проверуваат општите и посебните работни компетенции на кандидатот и се врши нивно бодување, а се поставуваат и општи прашања со кои се проверува интересот и мотивацијата на кандидатот за работата, прашања за неговото претходно работно искуство, очекувањата на кандидатот и сл.).
Точниот датум, време и место на оддржување на интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на Општина Прилеп: www.prilep.gov.mk.
- РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Јавниот повик се објавува на ден 22.12.2025 година и трае 5 (пет) дена, односно надоцна до 27.12.2025 година.
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оригинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е во прилог кон повикот) да ја достават до:
- архивата на Општина Прилеп, ул„Прилепски бранители” бр.1, Прилеп (со назнака: За Јавен повик за именување на член на управен одбор на ЈП за ПУП Прилеп)
Незадоволните кандидати од изборот за членoви во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.
Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
| Број 03-4279/1 | ГРАДОНАЧАЛНИК | |
| 22.12.2025 година | на Општина Прилеп | |
| П р и л е п | Дејан Проданоски |
ПРЕЗЕМИ Образец-за-пријавување

