Продолжување на рокот за доставување предлози за доделување на 3-то ноемвриски награди и признанија

Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, по повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – 3-ти Ноември, ги информира сите заинтересирани дека рокот за доставување на предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“, како и за наградата за животно дело, се продолжува до 20.10.2025 година.

            Наградите и признанијата „3-ти Ноември“ се доделуваат на физички и правни лица за особени достигнувања и придонес во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и јавниот живот во Општина Прилеп.

            Предлози за доделување на награди и признанија можат да поднесат претпријатија, установи, здруженија на граѓани, институции и поединци.

            Секој предлог треба да биде образложен и аргументиран, со јасно наведени причини и основи за предлогот, и да се однесува на резултати и активности во периодот од 3-ти Ноември 2024 година до денес, односно за животно дело на кандидат кој подолг временски период има значајни остварувања во својата област.

            Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда, или по пошта на адреса:ул. „Прилепски бранители“ бр. 1 – Прилеп,најдоцна до 20.10.2025 година.

                             ПРЕТСЕДАТЕЛ  

   на Комисијата за одбележување значајни настани,

                       личности и празници

                        Игор Николоски

ОПШТИНА ПРИЛЕП-ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ