ПРЕДМЕТ: ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на јавна анкета и јавна презентација за нацрт
Детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.14 и блок 2.15 – нацрт план, Општина Прилеп
Почитувани,
Врз основа на член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20,111/23, 171/24, 224/24 и 40/25), Ви соопштуваме за одржување на јавна анкета и јавна презентација за нацрт – Детален урбанистички план за четврт 2, блок 2.14 и блок 2.15, Општина Прилеп, изработен од страна на „Матрикс проект“ ДООЕЛ – Прилеп, со тех.бр.07-1/2023 од август 2024 Јавната анкета и јавната презентација ќе се спроведе со излагање на Нацрт планот во просториите на Општина Прилеп.
Јавната анкета ќе трае 30 (триесет) дена и тоа од 26.05.2025 година до
24.06.2025 година, секој работен ден од 8.30 до 15.30 часот.
Во споменатиот рок, можете да доставите писмени забелешки, предлози и мислења
на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден
02.06.2025 година во 10:00 часот во просториите на општина Прилеп.
Раководител на Сектор за Урбанизам,
комунални работи и заштита на животната средина
Илија Беличоски