РЕШЕНИЕ за издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвла

ОПШТИНА ПРИЛЕП

Сектор за урбанизам,комунални работи
и заштита на животна средина
Број: 10-980/12 од 18.07.2022 год.

 

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02), член 123 став (1) и член 126 став (1) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), Градоначалникот на Општина Прилеп, постапувајќи по бр.10-980/1 од 24.03.2022 година за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола, од страна на ЗД ИНЖИНЕРИНГ ТЕРАКОТА ДОО  Прилеп, на ул.“ Леце Котески“бр.58 Прилеп, за Бетонска база со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3, а по спроведена постапка за издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола, донесува:

 РЕШЕНИЕ

за издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола

  1. СЕ ИЗДАВА Б-интегрирана еколошка дозвола на операторот ЗД ИНЖИНЕРИНГ ТЕРАКОТА ДОО Прилеп, на ул.“ Леце Котески“бр.58 Прилеп, за Бетонска база со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3.
  2. СЕ ЗАДОЛЖУВА Операторот на инсталацијата ЗД ИНЖИНЕРИНГ ТЕРАКОТА ДОО Прилеп, да постапува во согласност со условите и обврските дефинирани во оваа дозвола.
  3. Б-интегрираната еколошка дозвола ќе се објави во дневен печат, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на издавањето, на сметка на барателот.
  4. Ова решение влегува во сила од денот на донесувањето.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

ЗД ИНЖИНЕРИНГ ТЕРАКОТА ДОО  Прилеп (понатаму:барател), до Градоначаникот на општина Прилеп поднесе барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола бр. 10-980/1  на ден 24.03.2022 година (понатаму: барање), за инсталација за Бетонска база со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3.

Дејноста што ја врши, спаѓа во Прилог 2, Точка 3.Индустрија на минерали, подточка 3.3. Стационарни бетонски бази со вкупен капацитет на силосите за бетон поголем од 50 м3, која согласно член 122 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и Уредбата за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план („Службен весник на Република Македонија“ бр.89/05), задолжително подлежи на добивање Б-интегрирана еколошка дозвола.

Надлежниот орган за издавање Б-интегрирана еколошка дозвола, согласно член 123 став (1) од Законот за животната средина (понатаму: надлежен орган), го разгледа доставеното барање и изврши увид на лице место.
Надлежниот орган со заклучок бр.10-980/3 од 31.03.2022 година, од барателот побара дополнување на барањето за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола.
Надлежниот орган до барателот достави Известување за плаќање на административна такса бр.10-980/4 од 12.04.2022 година.
Барателот достави дополнителна документација со бр.10-980/5 од 19.04.2022 година до Надлежниот орган.
Надлежниот орган по разгледување на дополнителните документи изготви решение со пресметка за плаќање на надоместок при поднесување на барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола, со бр.10-980/6 од 09.05.2022 година, и истото го достави до барателот и до Секторот за финансиски прашања на Општина Прилеп. Износот на надоместокот беше пресметан согласно Уредбата за висината на надоместокот кој треба да го плаќаат операторите на инсталациите кои вршат активности за Б-интегрирана еколошка дозвола (“Службен Весник на Република Македонија” бр.117/07, 64/10 и 186/16).

Барателот достави копија од налог за извршена уплата на надоместокот при поднесување на барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола бр.10-980/7 од 16.05.2022 година.
Надлежниот орган до барателот достави Известување за објава во дневен печат на барањето бр.10-980/8 од 19.05.2022 година.
Барателот го објави барањето во дневен печат на ден 27.05.2022 година и истото беше објавено на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk.
По истекување на законскиот рок од објавата на барањето во дневен печат и на веб страната на Општина Прилеп, од страна на барателот и засегнатата јавност немаше никакви забелешки кон барањето за добивање на Б-Интегрирана еколошка дозвола.
Надлежниот орган на 29.06.2022 година изготви Нацрт дозвола со бр. 10-980/9.
Надлежниот орган до барателот ја достави изготвената нацрт дозвола во печатена форма и Известување за објава на Нацрт дозволата во дневен печат бр.10-980/10 од 29.06.2022 година.
Барателот ја објави Нацрт дозволата во дневен печат на ден 02.07.2022 година и истата беше објавено на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk.
По истекот на законскиот рок од објавата на Нацрт дозволата во дневен печат и на веб страната на Општина Прилеп, од страна на барателот и засегнатата јавност немаше никакви забелешки по изготвената нацрт дозвола.
Надлежниот орган врз основа на целосното барање, по завршувањето на целокупната постапка и согласно надлежностите кои произлегуваат од член 123 став (1) и член 126 став (1) од Законот за животната средина, утврди дека барателот ги исполнува условите за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола.
Б-интегрираната еколошка дозвола ќе се објави на веб страната на Општина Прилеп и во еден дневен весник достапен на целата територија на Република Северна Македонија во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на издавањето, при што објавата во дневниот весник е на трошок на барателот, а согласно член 113 и член 122 став(4) од Законот за животната средина.

Врз основа на горенаведеното надлежниот орган одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

ПРАВНА ПОУКА:             Согласно член 126 став (2) од Законот за животната средина (“Службен весник на Република Македонија” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18), против ова решение може да се поднесе жалба во писмена форма до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, во рок од 15 дена од денот на донесување на решението.

За жалбата се уплаќаат 250 денари административни такси, на примачот НБРСМ, на с-ка1000 000 000 63095, уплатна с-ка  84015603182, приходна шифра 722315.

Решено во Општина Прилеп, Градоначалник на Општина Прилеп, на 18.07.2022 година,  под број 10-980/12

Изготвил:                                                                                       Градоначалник
Љупчо Петрески                                                                          на Општина Прилеп
Одобрил:                                                                                       Борче Јовчески
Раководител за Сектор за Урбанизам,
Комунални работи и заштита на животна средина
Васе Никоска

Доставено до:

  • Архива на Општина Прилеп
  • ЗД ИНЖИНЕРИНГ ТЕРАКОТА ДОО Прилеп
  • Сектор инспекторат на Општина Прилеп
  • Министерство за животна средина и просторно планирање

Б-ИЕД- ЗД Инжинеринг Теракота ДОО Прилеп – Бетонска база Биљана