Одделението за администрирање на даноци од понеделник продолжува со работа

Со цел да им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, од понеделник, 9-ти ноември, Одделението за администрирање на даноци при ЕЛС Општина Прилеп, продолжува со работа.

Во склоп на Одделението кое ќе функционира со редуциран број на вработени, ќе работи и наплатниот центар за данок на имот.

Одделението за администрирање на даноци ќе работи секој работен ден, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.