Совет на општината
Советот е претставнички орган на граѓаните на општината. Го сочинуваат 27 претставници на граѓаните – членови на Советот. Од редот на членовите на Советот, Советот избира Претседател. Претседателот на Советот ја организира работата на Советот, ги свикува и раководи со седниците на Советот, ги потпишува прописите што ги донел Советот и ги доставува до Градоначалникот за објавување. Заради разгледување на прашања и утврдување на предлози од одредена област, Советот од својот состав формира постојани и привремени комисии.