Дејан Проданоски е роден на 14.04.1981 година во Прилеп, Република Македонија.

Основното и средното образование ги завршува во Прилеп. Потоа образованието го продолжува на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски” Битола, на техничкиот факултет Битола на насока сообраќај/патен сообраќај.
Во 2006 година се стекнува со звањето дипломиран сообраќаен инженер.
Работното искуство го започнува во 2008 година во Државен архив на Република Македонија- одделение Прилеп. Преку стекнатото искуство низ годините во периодот од 2012-2017 година како Раководител го води одделението на Државен Архив на Македонија во Прилеп. Во 2024 година неговиот работен ангажман го продолжува во Собранието на Република Северна Македонија како пратеник од редовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно има учествувано во општествениот живот на локално ниво и тоа како Претседател на пописната комсија за попис на населението (2011), член на Советот на општина Прилеп (2017-2021) како и Претседател на Советот на општина Прилеп (2021-2024).
Покрај професионалните искуства и опшествените активности, ги поминал и сите скалила на политичка активност. Во 2020 година е избран за Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп.
Зборува неколку јазици и тоа: англиски јазик и германски јазик.
Низ годините стекнал значајно искуство во институциите, со што придонесува во развојот на заедницата и општеството.